Македоника Литера

Малиот ној витез (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Лиу Сианпинг

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

190 стр./ A5 формат (200x140)

    Лиу Сианпинг (роден во 1937 година во Феидонг, во провинцијата Анхуи) е познат кинески писател за деца, кој во своето творештво е преокупиран со природата. За тоа тој пишува: „Природата е мајка што го храни целото човештво и исто така, извор на знаење. Сакам да ги водам децата во таа насока, преку литература каде што тема е природата, и да направам да чувствуваат благодарност кон природата, да го сакаат животот, да стекнуваат знаења и да развијат норма на однесување неопходна за хармонизација со природата, односно еколошка етика.“

   

     Овој писател – вљубеник и истражувач на природата, има вдахновен предговор за тоа во ова книга и уште вели: „...Мора да одам пеш, за да ги доживеам посебниот шарм и многубројните поттонови на природата. Најголем приоритет им давам на набљудувањето и на проучувањето на природата одблизу, а потоа да се запишат анегдотите и авантурите што се случуваат во текот на истражувањето, за да им се претстави на гледачите вистинскиот, прекрасен свет на природата...

Анегдотите и авантурите од истражувањето на природата, зачувани во моите дела, топло се поздравени од читателите и од критичарите и се смета дека од нив започнува еден нов наративен стил – со мешање на заплетот од роман, поетски призвук, филозофијата на прозата и реалноста на документарниот запис.

     Оваа нова литературна форма е поспроведлива во пренесувањето на шармот на природата и на филозофијата на луѓето и природата.“ Неговите најпознати дела се: Авантура во море од облаци, Легенда за пандите, Повикот на еленот, Потера во долината Пловер...

Братучед ми доаѓа (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Ќин Венѓун

 Мека корица 200 мкд

 Тврда корциа 300 мкд

 210 стр./ A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

     Ќин Венѓун (родена во 1954, во Шангај), е реномирана кинеска писателка чии книги се издадени повеќе од пет милиони примероци, вклучувајќи ги и Ученикот по име Ѓиа Ли, Ученичката по име Ѓиа Меи, Историја на детскиот ум на едно девојче, Улицата Тиантанг број 3, Главното бебе, Денови на лудории, Таотао, Малото девојче по име Лин Сиаоми, Нова биографија на малата Сианггу, Сончогледот...

Вкусот на сонцето (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Џанг Џилу

 Мека корица 200 мкд

 Тврда корица 300 мкд

 214 стр., 200 x 140, 2018

      Џанг Џилу е роден во Пекинг, во 1945 година. Тој е директор на Детскиот литературен комитет на Kинеското здружение на писателите и познат сценарист. Бил номиниран за наградата Ханс Кристијан Андерсен. Негови познати дела се: Дете гром, Третата легија, Забранета мудрост, За кого пее Сисада?, Тотална илузија, Фудбалскиот херој, Јас и мојата сенка, Прасето херој, Танц на кинеските карактери и филмската...

Персискиот мачор Пек (Најдобрата кинеска литература за деца)

Гао Хонгбо

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

248 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

      Гао Хонгбо (роден во 1951, жител на округот Каилу, Внатрешна Монголија) е раководител на Комитетот за литература за деца при Кинеското здружение на писателите. Има објавено 14 поеми за деца, како: Слонот судија, Гуска, гуска, гуска, Крокодилот каменојадец, Тајната на бујната пролет, Те сакам, Лисица; повеќе од 30 есеи, меѓу кои и Персиска мачка, Пијан сектор, Животна фарса, Воената...

Mагичниот папагал (Најдобрата кинеска литература за деца)

Ге Бинг

тврда корица 300 мкд

мека корица 200 мкд

248 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај повеќе

 

     Ге Бинг (роден во 1945 година во провинцијата Лиаонинг) во литературата за деца влегува во 1983 година и објавува повеќе од 100 дела со вкупно 10 милиони кинески знаци. Добитник е на неколку високи книжевни наградаи. Неговите најрепрезентативни дела, меѓу кои „Синиот Глушец и Мачорот Големо Лице“, „Малечкиот Заблуден Бог“ и „Малечкиот дух Сивото Гравче“, се адаптирани во цртани серии...