Македоника Литера

Легенда за мечето Панда (Најдобрата кинеска литература за деца)

Сун Јоуѓун

Meка корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

226 стр. / A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

     Сун Јоуѓун (1933 – 2015) во 1990 година тој бил номиниран за наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ и бил првиот Кинез воопшто номиниран за таа награда. Негови познати збирки со бајки се: „Авантурата на Малиот Бутоу“, „Чудниот старец“, „Ноќта на продавницата за играчки“ и „Вентилатор без ветер“. Јоуѓун е еден до најтиражните кинески писатели за деца. Уште со својата прва книга достигнал милионски тираж.

    Тој е еден од предводниците во кинеската литература за деца кои ја воведуваат современата бајка за деца, во која, освен поучноста, е вклучена и магичноста – со прекрасни заплети. Во овој избор, направен од авторот, се вклучени 19 негови бајки кои се интересни за децата насекаде во светот.

Мирисливата птица (Најдобрата кинеска литература за деца)

 

 Ѓин Бо

 Meка корица 200 мкд

 Тврда корица 300 мкд

 278 стр. / A5 формат (200 x 140)

 Прочитај извадок

      Книгата содржи шеесетина бајки, избрани од авторот и групирани во четири циклуси. Во предговорот, за бајките пишува: „За децата, имагинацијата е нешто убаво и атрактивно; за писателите, уметничкиот израз на оваа имагинација е поубав и многу поатрактивен, бидејќи една имагинативна приказна ги содржи нивните емоции, мудрост и идеи.  

...

Било и се скрило

Киро Донев

150 мкд

130 стр./ A5 формат (200x140)

      Најновата книга на Киро Донев „Било и се скрило“ содржи повеќе од 80 песни поделени во пет тематски циклуси. Таа е вистински поетски бисер наменет за најмладите читатели, кај кои Донев е најпопуларниот и најчитаниот македонски писател.

      Во неа доминираат хумористично-сатиричните песни, а Киро Донев е познат и толку прифатлив од читателите токму по инвентивниот хумор и ведрина во неговото творештво. Иако се наменети за...

Двете принцези

Натали Спасова

150 мкд

118 стр., 200 x 140

      „Двете принцези“ е авантуристички роман наменет за деца, раскажан динамично со што се задржува нивното внимание. Низ една забавна и возбудлива приказна, овој роман ги поттикнува децата да ги прифаќаат разликите, да одбиваат дискриминација и да бидат поотворени кон другите култури и начини на живот. Ги промовира концептите на толеранцијата и мирот, но и хуманоста и споделувањето.

...

Приказни од скопскиот парк

Ана Багрјана

200 мкд

62 стр., 200 х 140 мм, 2016

      Книгата „Приказни од скопскиот парк“ е илустрирана од самата авторка, а содржи раскази за деца инспирирани од Скопје и напишани за време на неодамнешниот неколкугодишен престој во Скопје. Преводот е на Ленче Тосева.

      Книгата содржи осум раскази за деца од помала возраст во кои се раскажуваат доживувања од секојдневјето на децата во коишто дидактиката доаѓа од втор план, а приказната на крајот носи своја порака. Авторката во овие...