Македоника Литера

Просјакот Лука

Аугуст Шеноа

200 мкд

178 стр., 200 х 140 мм, 2015

Прочитај извадок

   „Просјакот Лука“ (1879) е едно од најдобрите дела на највлијателниот и најплодниот хрватски писател од 19 век, Аугуст Шеноа. Првиот вистински хрватски романописец во ова дело се интересира за малите човечки судбини и мајсторски ги претставува општествените слоеви и состојби на своето време – третирајќи ги моралните односи меѓу социјалните слоеви и односите меѓу селото и градот.

      Во приказната има просјачка колиба, селска крчма, циганска кола, селска куќа или магистрат и галерија ликови наспроти просјакот Лука: пијаниот селски старешина Јанко, пропаднатиот селски старешина Јанко, пропаднатиот писар Микица, Циганинот Угарковиќ, неговата жена Ката, крчмарката, просјакот Мато, селани, господа од градската управа и, како спротивност на сите – девојката Мара. Во приказната има и љубов, и самопочитувања и подлост и човечки вредности... Дејството се движи од едно во друго зло, од помало во поголемо, а кога се наближува кулминацијата – просјакот Лука се преобразува во Човек.

      Во „Просјакот Лука“ се присутни социјалните елементи. Приказната се занимава со приказот на сиромашниот просјачки слој и со причините за просење кои се опишани во ликот отфрлен од сите. Шеноа воопшто не е благ во описот на општеството кое толку грдо и грубо се поставило спрема еден човек. Токму тоа општество е одговорно што главниот лик Лука со секој минат ден има сè помалку човечност во себе, иако длабоко во себе тој посакува да живее чесно како и другите луѓе. Текот на приказната има две нивоа: текот на општествените настани кои влијаат врз однесувањето на ликовите и животот на просјакот Лука...

Време на тивки разговори

Ан-Лиз Гробети

150 мкд

 60 стр., 200 х 140 мм, 2015

   Новелата за млади и возрасни „Време на тивки разговори“ (2001) е поетска проза за пријателството. Делото претставува ретроспективен опис на минатото, каде што нацизмот воопшто не е директно споменат, но е осудуван преку слики, метафори и со атмосферата што постепено станува сè потешка. Приказната ги нагласува улогата на јазикот и неговата манипулација што води до нетолерантност и до неприфатливост. Делото нуди интересна дихотомија меѓу...

Умееш ли да свиркаш, Јохана?

Улф Старк

Ана Хеглунд (илустрации)

200 мкд

58 стр., 200 х 140 мм, 2014

Печатена целосно во боја.     

  Едниот од двата главни лика во приказната, исто така, се вика Улф. Неговиот другар Бера посакува да има дедо. Ама Улф не е Улф ако не е голем другар, па за среќа на својот другар, знае каде може да најде дедо. Го најдоа најдобриот. Дедо, кој го направи најубавиот летачки змеј. И, кој умееше да свирка – нешто што Бера, најмногу од сè, посакува да научи.

...

Без татковина

Јохана Шпири

200 мкд

144 стр./ A5 формат (200 x 140), 2014

    „Без татковина“ е лирски раскажана приказна за животот на младото момче Рико, кое има виолина, но нема татковина. Тоа е вљубено во својата виолина и во својот роден крај. Неговото мало селце се наоѓа во високите и прекрасни предели на Алпите.

    Кога ќе се симне по стрмниот планински пат, веќе е во друга земја, затоа што ја минува граница на својата...

Бугарски народни приказни

БУГАРСКИ НАРОДНИ ПРИКАЗНИ

200 мкд

184 стр./A5 формат (200x140)

Книгата содржи 32 народни приказни, избрани од богатиот опус обработени приказни на Ангел Каралијчев, кој во бугарската литература е познат како голем мајстор на авторизирани приказни, легенди и сказни за деца. Во неговите приказни централно место зазема карактерно-етичката проблематика, при што доминира доброто како смисла и како цел на човековиот живот. Познат е како слаткоречив, суптилен и луциден раскажувач за кого светот на...