Македоника Литера

Збркана сказна

Киро Донев

150 мкд

120 стр., 200 х 140 мм, 2016  

    „Збркана сказна“ е наменета за децата од помала возраст и е карактеристично дело за раскажувачкиот стил и сензибилитет на Киро Донев, во кои во преден план се инвентивниот хумор и динамичната приказна.

      Книгата е илустрирана со цртежи на Ана Багрјана, украинска писателка и преведувачка, која е и преведувач на украинското издание.

      „Збркана сказна“ првпат е објавена во 1986 година, откако е наградена на анонимен конкурс на „Детска радост“. Оваа книга, која по долга пауза повторно се појавува на македонски јазик, досега е преведена и објавена на српски, турски, бугарски и украински јазик.

      Киро Донев (1942, Моноспитово, Струмичко) е автор на четириесетина книги за деца, пред сè прозни дела: романи, раскази, гатанки, повести, пиески и сликовници. Тој е еден од најпопуларните и најчитаните македонски автори за децата од помала возраст. За своето творештво е добитник и на неколку високи книжевни награди во Република Македонија. Неколку негови книги се објавени во повеќе изданија. Негови дела се преведени на десетина јазици.

      Нарачај

Слепиот музичар

Владимир Короленко

200 мкд

164 стр./ A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

      Во „Слепиот мизучар“  авторот го поставува прашањето: што е човечката среќа? На едноставното прашање одговорот не е едноставен. Короленко суптилно, чекор по чекор, како вистински психолог, проникнува во светот на својот главен херој кој е роден слеп.

      Тој живее во тесен и ограничен свет, лишен од радоста на светлината и шаренилото...

Училишен театар

Киро Донев

(трето издание)

250 мкд

158 стр., A5 формат (200 x 140), 2022

      Книгата содржи близу четириесет пиески (едночинки) за деца, со теми од животот на современо дете: домот, училиштето, улицата, детската игра, природата... Покрај децата јунаци (главни и споредни), во пиеските се сретнуваат и „претставници“ на животинскиот и растителниот свет, но и птиците, инсектите и таквите мали-големи нешта од секојдневјето кои човекот не ги забележува многу, а се многу важни во животот и на...

Јамболија што лае

Киро Донев

200 мкд

142 стр., 200 х 140 мм, 2015

Прочитај извадок

      Книгата е роман сказна, во кој животните зборуваат, а главни ликови се домашни миленици – куче и маче, но и еден пензиониран зообиолог, неговата сопруга, која е учителка, и нивното внуче.

      Во овој роман-сказна, сѐ се случува меѓу сонот и јавето. Авторот детето го вооружува со фантазија, со ведар творечки дух и со здрава чувствителност. Така ќе може да види и слушне сѐ што прават и зборуваат јунаците од страниците...

Весел зоо парк

Киро Донев

200 мкд

трето издание

 96 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.

      Кога главните јунаци – животните ќе се развеселат и ќе ги покажат сите итроштини во згодите и незгодите во веселиот зоо парк, а уште ако сето тоа е раскажано од Киро Донев, тогаш младиот читател добива првокласно четиво.

    И оваа, како и повеќето од четириесетте книги на Киро Донев, е наменета за деца од помала возраст – од пет до...