Македоника Литера

Тажното змејче

Симона Груевска Маџоска
Тажното змејче
120.00 ден.
         „Тажното змејче“содржи четириесетина песни и е наменета за децата со помала возраст.
Преку стиховите на оваа книга авторката суптилно навлегува во детскиот свет и обработува низа современи ситуации и проблеми, кои често на децата им изгледаат огромни.

Таа успева да им пристапи на овие аспекти од детското живеење со многу топлина и хумор. Со тоа прави проблемите со кои се судираат децата да се стават во реална рамка. Во таа смисла, оваа стихозбирка има двојна вредност. Од една страна, стиховите се уметнички обликувани и изобилуваат со ритам близок до децата (и врзан, и слободен), а од друга страна даваат морална помош и порака. Симона Груевска Маџоска користи и мотиви од народната митологија и фолклорот и ликови од најомилените јунаци на децата, што пак книгата ја прави попривлечна за најмладите читатели, кои во значителна мера се подзаборавени од современите македонски автори.

Џуџести сказни

Горан Б. Стојаноски
Џуџести сказни
150.00 ден.
         „Џуџести сказни“ содржи триесет и шест добро компонирани детски сказни кои претставуваат една целина, но и кои доста се разликуваат една од друга поради тематската разновидност.

 

Книгата е наменета за деца од помала возраст. Во неа се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои  може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Авторовата...

Доживувањата на Геге Супер Геге

Горан Б. Стојаноски
Доживувањата на Геге Супер Геге
150.00 ден.
       

Книгата е придружена со поговор на Горјан Петревски, кој меѓу другото, пишува: „'Доживувањата на Геге супер Геге' е сказна за осаменоста, но и за здодевноста, за радоста и за тагата, за вербата и за победата, за упорноста и оптимизмот.

Но и приказна која на извонреден начин влегува во суптилниот свет на карактерот на детето кое честопати побарува прибежиште во фантазирањето кое, обично, доаѓа по недоразбирањето во...

Од дневникот на Васко Пикаско и Зорка Сештозборка

Киро Донев

200 ден.

128 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2011


         „Од дневникот на Васко Пикаско и Зорка Сештозборка“ е прозна книга, напишана во форма на дневник, во кој централните личности се Зорка и Васко – братче и сестриче.

 И во ова дело Киро Донев е доследен на својот препознатлив стилско-лексички исказ, духовит и со динамичен ритам и рима во прозата. И со ова дело го потврдува своето реноме на искусен и добар мајстор на литературата за деца.

 

Зелениот хороскоп

Томе Богдановски

120 мкд

86 стр., 200 х 140 мм, 2010

    Роман за тинејџери на современа тема. Детството треба да е како бајка, но не е сè бајка во него. Реалноста на детскиот свет е полна и со разни судбини.

      Тажни приказни за себе и за околината на главните јунаци. „Ода“ за тагата и радоста, за маката и надежта, кои исто така ги следат децата во секојдневјето.