Македоника Литера

Невролошката основа на говорот и јазикот

Јордан Јорданоски

300.00 ден.

239 стр./ A5 формат (200x140)


       „Невролошката основа на говорот и јазикот (развиток и патологија на фонетската страна на исказот кај носителите на македонскиот стандарден јазик)“ од д-р Јордан Јорданоски е единствен труд од овој вид во Република Македонија.

Говорот и јазикот како средство за комуникација отсекогаш се предмет на проучување во повеќе научни дисциплини, но овде за првпат се научно обработени состојбите со македонскиот стандарден јазик од друг агол - од аголот на материјалната основа на организмот, врз кој се изградува еден сложен психички процес како систем за пренесување на пораките. Трудот, всушност, произлегува од двеиполдецениското работење на авторот врз проблемот на патологијата и нормата во говорната комуникација.

Говорот и јазикот како средство за комуникација отсекогаш го привлекувале вниманието на научниците од многу научни дисциплини – на лингвистите, филозофите, логопедите, психолозите, лекарите (особено на невролозите и на невропсихолозите)... Секоја од овие области на свој начин го гледала проблемот на говорната комуникација, која се јавува на почетокот како несвесна манифестација, а потоа како свесна и точна реализација на мислата. Овде првпат во научната перцепција на говорот и јазикот за основа се зема невролошката основа на говорот и јазикот.

Како што пишува авторот, „...таа материјална основа е задолжителна за да можат да се градат говорот и  јазикот како норма. Но и уште повеќе од тоа: таа основа мора да биде задолжително хомеостатична низ своите делови (анатомски, физиолошки, биохемиски, електрофизиолошки) за да може да ја исполнува својата улога: да биде создавач, обработувач, точен пренесувач и точен говорен повикувач и реализатор на...

Количествените категории во македонскиот: Од семантика кон форма

Елена Петроска
300.00 ден.

213 стр./ A5 формат (200x140)

Во трудот на Петроска предмет на проучување се количествените категории во македонскиот јазик кои ги разоткриваат јазичните средства за нивно изразување. Пристапот на разгледување на количествените категории е од семантиката кон формата.

Ваквиот начин на претставување на јазичните средства ја олеснува споредбата на македонскиот јазик со други јазици со што полесно можат да се утврдат сличностите и разликите. Претставени се...

Македонските се-конструкции и нивните еквиваленти во англискиот јазик

Лилјана Митковска

200.00 ден.

213 стр. / 240x170


   Македонските конструкциите со рефлексивниот маркер се се разгледуваат во оваа научна монографија  како различни типови на отстапувања од прототипната транзитивна ситуација, односно, како типови на дијатеза.

Одделните функции имаат поинаква распределба на партиципантите и/или нивните конституенти по синтаксичките позиции, во зависност од комуникативната цел. Тие се издвојуваат според семантичките особини на конструкцијата, кои главно...

Фолклорни социјални фосили

Нина Анастасова Шкрињариќ
ФОЛКЛОРНИ СОЦИЈАЛНИ ФОСИЛИ
цена: 250 ден     

Во оваа фолклористика студија Анастасова Шкрињариќ покажува дека фолклорните творби претставуваат вистински „социоартефакт“, кој во себе го крие отпечатокот од сите изминати фази на човековото социјално живеење.

Антрополозите истакнуваат дека фолклорот содржи своевидни фосилни остатоци од архаичните општествени „институции“, а овие мумифицирани детали можат да се препознаат само доколку се повикаат на помош...

Култот кон Големата мајка

Нешка Николова
Култот кон Големата мајка

(аспекти на женскиот креативен принцип)
200.00 ден.
           Оваа книга преставува првата фолклористичко-митолошка студија кај нас на оваа тема согледана од аспект на повеќе научни дисциплини.

Во предговорот на книгата (која претставува магистерски труд на авторката), проф. д-р Нина Анастасова Шкрињариќ, меѓу другото, пишува:

„Во своето истражување Николова со вешти и сигурни потези ја моделира „фигурата“ на Големата Мајка, пополнувајќи ги...