Македоника Литера

Една митопоетика

Софија Тренчовска

300 мкд

     Во првиот дел на книгата е содржано студиозното монографско истражување „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“ со  херменев­тички, митопоетски, филозофски и научен дискурс кон драмското творештво на овој македонски писател. Притоа авторката Тренчовска прави интерпретации на пиесите „Еригон“, „Мацедонише цуштенде“, „Југословенска антитеза“, „Р“ и „Слободен лов“ кои упатуваат на еден автентичен митопоетски систем.

 Вториот дел на книгата е составен од три текста за делата на Војдан Чернодрински, Ѓорги Абаџиев и Коле Чашуле, во областите: театар, интермедијалност, филм и наратологија…

     Рецензентот на книгата „Една митопоетика“, проф. д-р Кристина Николовска, во предговорот пишува: „…Авторската херменевтика на Тренчовска е веќе оформена и препознатлива стилема, која го краси нејзиниот подвиг и го искачува до ранг на монументалност…

     Книгата претставува своевиден прилог кон феноменологијата на новата македонска драмска книжевност.

Просторите на текстот

Звонко Танески

200 мкд

 402 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2015

   Книгата е структурирана во шест различни поглавја кои претставуваат интердисциплинарна целина. Во сите нив е содржан концептот на „просторот“, кој може да се промислува единствено интердисциплинарно. Таквиот интердисциплинарен пристап ја вклучува општествената, историската, метафизичката и временската димензија со цел што поинтегрално да се разбере сложениот концепт на просторот, односно суштинското прашање за тоа како да се...

Македонски писмовници (епистолари) од 16 и од 19 век

Михајло Георгиевски

250 мкд

     Со транслитериран текст и истовремено во факсимили во книгата се објавени четири стари македонски писмовници: Слепченскиот, кој потекнува од 16 век, писмовниците на Христе Хаџи Константинович од Прилеп, Арсениј Поп Стефанович и на проигуменот Леонтиј Хиландарски – трите од 19 век.

     Писмовниците претставуваат книги – зборници со обрасци за пишување писма по разни поводи, создадени од црковни или световни лица. Познати се и под името епистолари...

Бахтин и стилското разногласие во македонската литература

Искра Тасевска Хаџи-Бошкова

250 мкд

262 стр., 200 х 140 мм, 2015

     Книгата се однесува на еден специфичен теориски проблем, кој припаѓа на тесно стручните научни истражувања, која првенствено е интересна за истражувачите од областа на литературната наука, но и за научниците од сродните подрачја и дисциплини. Ова истражување, кое, и покрај теориската апаратура и методологија со која се служи, првенствено ги изложува и објаснува оние делови од Бахтиновата теорија, кои досега не биле предмет...

Само сонот е стварност

Илинденка Петрушева

200 мкд.

320 стр./ A5 формат (200x140)

      Од книгата „Само сонот е стварност“ со поднаслов од бележникот на еден филмолог може многу да се дознае или да се научи. На пример, нешто повеќе за јапонскиот, рускиот, чешкиот, шпанскиот филм..., нешто повеќе за авторите Фасбиндер, Саура, Тарковски, за Сабо..., нешто повеќе за филмовите што кај нас, во одреден период, биле на кинорепертоарот.

      Но пред сё – да се дознае и да се научи нешто повеќе за нашата...