Македоника Литера

Трословната книга

200 ден.

124 стр. / A5 формат (200 x 140)

Прочитај извадок

 
Книгата „Трословната книга" претставува книжевно дело кое го опфаќа повеќемилениумскиот идеал на кинеската цивилизација, напишано во XIII век и неколку векови останува базично едукативно четиво за восприемање на суштината на кинеската култура, филозофија, историја, етика и хуманизам. Овој некогашен буквар за моралните вредности во Кина, всушност претставува сублимат на целокупната кинеска и далекоисточна култура.

Книгата го добива насловот според структурата на текстот, каде што секој ред се состои од по три кинески знаци. Трословната книга првично била намената за деца, со цел да им послужи како учебник со чија помош на едноставен начин ќе можат да ја воспримат срцевината на кинескиот културен опит од секој негов аспект.

Вредноста на преводот на ова дело на македонски е двострана – најпрвин, на нашиот читател му овозможува на еден пристапен начин да се запознае автентично со основните културни придобивки на класична Кина во нивната целост, но истовремено му дава можност да ги восприми, или во најмала рака да стапи во дијалог со вредностите на образовниот етос што ги дефинира денешните далекуисточни нации. Трословната книга е една од најрано и најчесто преведуваните класични кинески дела во странство.

Во предговорот, Игор Радев, меѓу другото пишува:

„Трословната книга, а поточно нејзината конфуцијанска идејна подлога, има вршено и можеме да кажеме дека сѐ уште врши огромно влијание и врз образовната култура на Кина, како и на преостанатите земји од источноазискиот цивилизациски простор, како што се Кореја, Јапонија, Виетнам, кои понекогаш се нарекуваат и...

Превентива и заштита на иконите

Златко Танасковски

200 мкд.

196 стр./ A5 формат (200x140)

      Иконите, како и сето движно културно наследство во Македонија, отсекогаш биле изложени на кражби и на нелегална трговија. Ова е книга која нив ги третира од историографски, културолошки и криминолошко-безбедносен аспект, но првенствено од аспект на заштитата на старите икони кои сѐ уште се чуваат во македонските цркви и манастири.

      Во книгата најпрвин авторот пишува воопшто за иконите во Македонија како културно...

Банка на податоци или театарски архипелаг

Гордана Ивановски - Велковска

300 мкд

 

Книгата претставува селективна библиографија на богатото и разновидно творештво на Иван Ивановски – театарски критичар, театролог, поет, раскажувач, публицист... Во македонската литература првин се појавува како писател за деца, при што негови книги се вклучени во задолжителната училишна лектира, а потоа целосно и темелно се свртува кон театарската критика и театрологијата, со што станува најревносниот македонски театарски критичар и хроничар во...

Словенска алка

Науме Радически

250 мкд.

570 стр./ A5 формат (200x140)

      „Словенска алка“ е обемна публикација која претставува избор на над четириесет текстови на авторот кои, всушност, се студии за литературни проблеми, теми и автори од поширокиот словенски круг.

      Еден дел од текстовите се однесува на развојните и на типолошките развојни карактеристики на македонската литература во јужнословенски и во општословенски контекст и на меѓусебните релации на македонската литература со другите...

Публицистичката и раскажувачката проза на Коста Шахов

Силвана Костадинова Спасова

400 мкд

      Коста Шахов e еден од основоположниците на македонското новинарство – и како основач и издавач на десетина македонски весници кои излегувале во Бугарија кон крајот на XIX век, но и како уредник и новинар. Тој зад себе оставил значаен публицистички, но не помалку значаен и книжевен опус.

      Оваа студија ја проучува токму публицистичката и литературната, односно раскажувачката проза на Коста Шахов. Книгата не го одредува само неговото...