Македоника Литера

Литературна раскрсница

Науме Радически

200.00 ден.

300 стр./A5 формат (200x140)

(Државна награда „Гоце Делчев“, 2007)

       Книгата Литературна раскрсница, која содржи огледи и критики за автори и дела од струшкиот регион, го прикажува проф. д-р Науме Радически во целосна светлина и како истражувач, и како аналитичар и критичари, и како есеист, кој задлабочено се внесува во културолошките истражувања и одговара на прашањата за елементите на поврзаноста меѓу подвигот на браќата Миладиновци и нивниот потесен географски и културен простор, правејќи пресек од околу 150 години од Миладиновци до Крсте Чачански.

Имено, токму во оваа книга се анализирани, преоткриени и реафирмирани најзначајните творци од Струга и Струшко кои имаат исклучително значајно и високо место во севкупната македонска книжевност и култура. Тоа се Димитрија Миладинов, Константин Миладинов, Војдан Чернодрински, Арсени Јовков, Анѓелко Крстиќ, Ристо Крле, Владо Малевски, Јован Стрезовски, Јован Котески и Крсте Чачански.

Во неконвенционален израз и стил за македонската книжевна наука, но со полемичен, вдахновен и критички пристап, Радически во оваа книга загатнува, поставува и разгатнува досега помалку актуализирани прашања во врска со преродбенскиот, национално вознесувачкиот и книжевновтемелувачкиот чин на споменатите автори, со силно изразена аргументација во афирмацијата на македонската традиција, книжевност и национален идентитет.

Литературните погледи на Димитар Митрев

Науме Радически

Литературните погледи на Димитар Митрев

150 мкд

      Овој труд е аналитичка студија за фундаменталните димензии на литературно-естетичката мисла (естетичките, литературнотеориските, критичките, литературноисториските погледи и аналитички резултати) на основоположникот на македонската литературна критика и литературна теорија Димитар Митрев. Посветен е главно на основните сфери од неговата литературно-естетичка мисла и актива.

      Прашањата за естетичките погледи...

Ракописната традиција во македонските цркви и манастири, кн. 1

Добрила Миловска

Ракописната традиција во македонските цркви и манастири

200 мкд

      Во книгата, која е означена како прва, се претставени девет манастири во кои било создадено големо културно наследство - „Св. Јован Бигорски“, Лесновскиот „Св. Архангел Михаил“, Марковиот „Св. Димитар“, „Св. Прохор Пчињски“, „Св. Јоаким Осоговски“, „Трескавец“, „Зрзе“, „Св. Пантелејмон“ и Слепченскиот манастир „Св. Јован Претеча“.

      Освен куси податоци за историјатот на нивното...

Апокрифите во македонската писмена традиција, кн. 1

Виолета Мартиновска

Апокрифите во македонската писмена традиција, кн. 1

200 мкд
158 стр., 200 х 140 мм, 2008

      Во книгата се анализирани два значајни средновековни ракописа од Македонија – Тиквешкиот (XV) и Попдраголевиот зборник (XIII). Поточно, во трудот е обработена историјата на проучувањата на преписите од овие два зборника, извршена е споредба на Библијата со апокрифите, анализиран е Аврамовиот циклус во Тиквешкиот зборник, како и циклусот на виденијата во двата зборника, а се...

Поетиката на Григор Прличев:Стилскиот израз во Арматолос и Сердарот

Александра Ѓуркова
ПОЕТИКАТА НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ: СТИЛСКИОТ ИЗРАЗ ВО АРМАТОЛОС И СЕРДАРОТ
150.00 ден.

       Компаративната стилска анализа на двете поеми како методологија на обработка има за цел да ги посочи принципите на создавање и на ресоздавање на едно поетско дело, а спецификата – тоа што оригиналната поема е напишана на грчки ајзик, уште повеќе придонесува кон потребата од продлабочено опфаќање на повеќејазичните влијанија: хомеровски и нехомеровски во поетскиот...