Македоника Литера

Есејот (Македонско искуство)

Татјана Б. Ефтимоска
Есејот(Македонско искуство)
200.00 ден.
          Книгата се занимава со одбрана на тезата дека во македонската книжевност есејот е рамноправен со другите, веќе прифатени жанрови, како расказот, романот или поемата.

„Есејот како размисла, како став – пишува авторката – му е својствен на секое мислечко битие. Писателот не е божествено предодреден за есеистичкиот запис; ниту, пак, е тоа новинарот или кој и да е автор на кого занимавањето со Зборот му е дел од професионалниот опис. Човекот (секој кој има сопствено јас) е есеист. Есејот е `некрунисан` жанр, затоа што и покрај долгите епохи развивање, тој сè уште ја бара својата форма, камелеонски прелевајќи се од една до друга. Тоа е постмодернистички жанр по самата своја еклектичка суштина, без оглед на мотивот или постапките врз кои е развиен.“

Мал книжевен тестамент

Весна Мојсова - Чепишевска

150.00 ден.

261 стр./A5 формат (200x140)

      „Мал книжевен тестамент“ претставува избор од текстови настанати во периодот од 2001 до 2006 година како резултат на интензивно критичко-есеистичко интересирање и проучување на македонската литература од авторката.

Најголем број од текстовите се студии подготвени за значајни научни собири и симпозиуми во Република Македонија и во странство. Во оваа книга Мојсова - Чепишевска подеднакво се интересира и за...

Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски

Магдалена Димчевска
Телото и телесноста во романите на Петре М. Андреевски
300.00 ден.

Книгата на Магдалена Димчевска претставува родова студија за аспектите на телото и телесноста во романите Пиреј,Небеска Тимјановна и Тунел на Андреевски.

Интересот на авторката е насочен кон главните женски ликови, но ги разгледува и машките ликови и нивната поврзаност со женските.

Книгата „Телото и телесноста во романите наПетре М. Андреевски за првпат во македонската филологија осветлува еден...

Посоки и огледи

Јовица Тасевски Етернијан
100 мкд

145 стр./ A5 формат (200x140)

        Во критичко-есеистичката книга на Јовица Тасевски – Етернијан „Посоки и огледи“ се објавени дваесетина есеи на книжевни теми и литературно-критички огледи за дела од македонската, балканската и светската книжевност. 

Македонски литературен потсетник

Науме Радически

Книга 1 

200 мкд.

484 стр./ A5 формат (200x140)

      Првата книга од „Македонски литературен потсетник“ претставува мозаична аналитичка ретроспектива на македонската литература, започнувајќи од средината на 19 век па сè до првата декада на 21 век. Содржи во најголемиот дел студии, а далеку помалку есеистички и критички прилози за маркантни персонални појави, вредности и процеси во македонската литература.

      На сцената на македонската литература (како поет) и...