Македоника Литера

Македонски кодики или поменици од 19 век

Михајло Георгиевски

250 мкд     

      Кодики или поменици се ракописни книги во коишто се испишани имињата на разни спомагатели на одредени цркви или манастири и нивното место од каде што доаѓаат.

      Во кодиките се среќава богат ономастички, топономастички и етнографски материјал и се значаен дел од македонското културно наследство.

      Со транслитериран текст и истовремено во факсимили во книгата се објавени седум стари македонски кодики, и тоа : Летописна книга на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Струга, од 1835 до 1917 година; Парусија на дебарскиот манастир „Св. Јован Претеча“ од 1833 год.; Кодика на дебарската црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1848 год.; Поменик на Бигорскиот манастир од 1857 год.; Кодика свештена од Бигорскиот манастир од 1863 год.; Велика парусија од манастирот „Св. Пречиста“ – Кичевско од 1863 година и Вечен поменик од манастирот „Св. Пречиста“ – Кичевско, од 1885 година.

      „Имињата на благопоклониците – пишува авторот – се запишувале во една книга хронолошки по години или пак се правени посебни списоци коишто се препишувале или пак така испишани се обединувале со една книга со посебни диптиси како еден вид зборници кои според намената се нарекувале поменици, кодики, проскомидии, парусии, сарандари, литургии, актинии и акатисти.

      Освен во вид на книги, поменици или проскомидии има напишани и на дрво во вид на икони и триптиси како што е на пример Царската проскомидија на манастирот Зрзе од крајот на XVIII и XIX век напишана на дрво во вид на триптих...

      Помениците или кодиките имаат огромно значење при проучувањето на економската историја и општествено-политичкиот живот во одредена средина и преставуваат драгоцени документи за економско-социјалната...

Творби

Константин Тренчев

200 мкд.

380 стр./ A5 формат (200x140)

      Во книгата Творби е претставено ракописното книжевното наследство на бележитиот општественик, родољуб и лекар Константин Тренчев (1895 – 1969).

       Тренчев е еден од првите македонски доктори, хуманист, патриот и национален деец, доследен до фанатизам на идејата за остварување на македонската државност, за создавање слободна и обединета, самостојна и независна македонска држава. Заедно со неколкумина истомисленици, меѓу...

Совети и раскази од Кекавмен

Јован Белчовски

300 мкд

      Книгата „Совети и раскази“ – чиј автор е Кекавмен, е пишувана од 1075 до 1078 година, и претставува една вистинска слика на општествено-политичките и економските состојби во Империјата во XI и XII век.

      Авторот пишува за многу области од животот – за состојбите во градовите, политичките и идејните борби меѓу странките, посебно помеѓу аристократијата од престолнината и провинциската воена класа – кои се во постојани конфликти. Кекавмен е насочен кон еден...

Студии за хералдиката во Македонија

Снежана Филипова

400 мкд

      Книгата содржи стручни и научни сознанија и анализи од областа на историјата на уметноста, фокусирани врз хералдиката во средновековните уметности и археолошките наоди откриени во последните години во Македонија.

       Овој труд дава значаен придонес во афирмирањето на македонското уметничко и интелектуално наследство. Во ова издание се шест значајни научни трудови кои третираат процеси, како и case studies во историјата на уметноста на средновековна...

Една митопоетика

Софија Тренчовска

300 мкд

     Во првиот дел на книгата е содржано студиозното монографско истражување „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш“ со  херменев­тички, митопоетски, филозофски и научен дискурс кон драмското творештво на овој македонски писател. Притоа авторката Тренчовска прави интерпретации на пиесите „Еригон“, „Мацедонише цуштенде“, „Југословенска антитеза“, „Р“ и „Слободен лов“ кои упатуваат на еден автентичен митопоетски систем.

...