Кристина Николовска
ПОЕЗИЈА – НЕБО
100 мкд
Книгата на Кристина Николовска „Поезија – небо“ е есеистичко-аналитичен труд посветен на поезијата на Славе Ѓорго Димоски. Таа е резултат на долгогодишното проучување и следење на Николовска на поезијата на овој македонски автор.
Како што најавува авторката во воведната белешка, книгата „е дом на разговори со поетот, но и: студии, поетизирани есеи, критики, рецензии и анализи, воскренати од творечкото поетско небо“, односно дека „целата книга е можен разговор со поезијата“.
Книгата на Кристина Николовска содржи пет „нивоа“, насловени како „Разговорница“ (разговор со поетот, каде тој раскошно се отвора за најсуптилните поетички прашања), „Поезија-небо“, „Осветлувања“, „Растолкувања“ и „Песни-океани“.
Вака заокружена книгата „Поезија небо“ на Николовска, не претставува само есеистичка книга, туку своевиден монографски портрет на еден македонски автор, што претставува ново творечко искуство кај нас.
Систематската долгогодишна научна посветеност на Кристина Николовска на поезијата на Славе Ѓорго Димоски веќе резултира со авторски опус инспириран од неговото творештво. Покрај „заднинскиот“ научен однос кон неговата поезија, дискурсот на Николовска е поетизиран, до степен на дијалогичност со поезијата која ја анализира, но од друга страна е високо комуникативен со пошироката публика, поради откривање на поетовите „рецепти“ за создавање на дело, за откривање на неговите аксиолошки и филозофски системи, особено во интервјуата-есеи. Затоа делото им припаѓа на две области: во литературната есеистика, но и на културологијата, бидејќи е комуникативно со пошироката публика пред која се отворени поетските размисли за поезијата и уметноста и се откриваат тајните за...