Најнови изданија
Дрвото сладок портокал
Цао Венсјуан
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
300 ден. - меки корици
350 ден. - тврди корици
188 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Дрвото сладок портокал“ ги содржи најрепрезентативните 12 раскази напишани од Цао Венсјуан (1954), кои претставуваат четива за светот на вистинското, доброто и убавото. Цао Венсјуан е автор и на истражувачки дела за литературата и сценарист и е добитник на неколку книжевни награди и награди за сценарио на филмски фестивали во Кина и во светот.
Цао Венсјуан, во воведната белешка пишува: „Куќата е дом. Куќата е најстарото сеќавање за луѓето. Куќата е поврзана со човечкото разбирање на концептот на домот. Домот е засолниште, место на топлина, место за одмор на душата и основна причина за продолжување на животот. Всушност, многу работи што се случуваат во светот се поврзани со домот. Среќата, страдањето, отфрлањето, молитвата, борбата, повлекувањето, жртвата, бегството, војната и мирот се поврзани со домот. Илјадници луѓе се бореле во минатото, вревата од битката ечела, а крвта била насекаде на бојното поле, само за да го одбранат домот. Домот е светост како гнездо на врвот на висок багрем... Значењето на домот е бесконечно. Кога пораснав, желбата за правење куќи во моето детство не исчезна, туку се засили со возраста и со продлабочувањето на перцепцијата за животот. Но, материјалот веќе не беше кал, гранчиња и плевел или коцки, туку карактери. Куќата на карактерите (* – кинески букви) е мое светилиште – мое духовно светилиште... Со текот на годините, напишав многу карактери и објавив многу книги, во кои всушност ја градев својата куќа. Куќата не е изградена само за мене, туку е изградена и за вас, ако не ви пречи.“
...Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 9
200 ден.
220 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.
Последен том од серијата.
Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите. Овие концепти и изрази се одраз на мудроста на кинескиот народ, на неговата длабока духовна потрага, како и на...
Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 8
200 ден.
216 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.
Целите на проектот се да објаснат концептите во кинеската мисла и култура кои ги одразуваат карактеристиките на традиционалната култура на земјата и начинот на размислување на кинескиот народ и кои ги отелотворуваат основните вредности на Кина; објективно и прецизно дефинирање на концептите во концизен, лесен за разбирање јазик; и да се овозможи да се раскаже кинеската приказна за...
Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 7
200 ден.
200 стр., / А5 (200 х 140) / 2021
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.
Концептите, мислите, цитатите и појаснувањата се однесуваат на класичната кинеска филозофија, литературата, уметностите, културата, историјата и традицијата, односно серијата претставува своевиден сублимат за запознавање на кинеската цивилизација. Овие „Клучни концепти на кинеската мисла и култура“, всушност, го даваат клучот на прашањето зошто кинеската цивилизација е најдолгата жива...
Избрани песни
Су Ши
200 ден.
184 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Избрани песни“ од класичниот кинески поет Су Ши, во избор, препев од класичен кинески јазик, предговор и белешки на Игор Радев. Во овој избор се објавени околу 150 песни, а во обемниот предговор Радев дава детална анализа на неговата поезија, но и на карактеристиките, посебно на формите на класичната кинеска поезија. Сӯ Шѝ’ (1037 – 1101) е најпрочуениот поет од ерата на династијата Сонг. Тој е живо олицетворение на конфуцијанскиот идеал на...
На север од егејскиот свет
Драги Митревски
450 ден.
202 стр., формат Б5 (240 х 170), 2021
Книгата претставува сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот но и од севкупните истражувања за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија. Таа е една целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави. Базирана е на...
Од трезорот на Охридската архиепископија
Белешки за светите твари и уметничките дела
Снежана Филипова
400 ден.
138 стр. / формат Б5 (240 х 170), 2021
Книга за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството. Книга за значајни примероци на црковен вез, реликвии, крипти, мали иконки, енколпиони..., но и за: раната црква во...
Досадников
Ана Багрјана
200 ден.
180 стр. / формат А5 (200 х 140)
Специјална награда за издавачите на меѓународниот литературен натпревар „Крунисување на зборот“ (2012) и номинација за наградата Книга на годината во Украина.
Антон Досадников, кој дипломирал на Институтот за новинарство, се обидува да ја пронајде својата струка во животот. Откако извесно време работи како дописник за политички вести, потоа – како крупие во казино и на крајот – како шеф на одделот Преиспитување во...
Харковски басни
Григориј Сковорода
150 ден.
78 стр. / A5 формат (200 x 140), 2021 г.
Григориј Савич Сковорода (1722 – 1794) бил украински филозоф, поет, учител, композитор на литургиска музика. Просветител, мудрец, учител на животот, бунтовник, моралист, мистик. Предавал поезија, синтакса, етика, грчки јазик, зборувал повеќе јазици, служел во царскиот двор, шетал низ Европа, па скитал низ Украина. Имал силно влијание врз идната уметност, филозофија, образование и украинското општество. Зад себе оставил...
Катерина, Велика и Мала
Оља Кнежевиќ
350 ден.
256 стр. / A5 формат (200 x 140)
Интердискурзивните дијалози на книжевноста
Марија Ѓорѓиева Димова
250 ден.
221 стр. / A5 формат (200 x 140)
„Интердискурзивните дијалози на книжевноста“ од Марија Ѓорѓиева Димова e книга која претставува студија од областа на книжевната теорија и книжевната херменевтика. Содржи дванаесет текста, распоредени во три циклуси: 1. Интердискурзивните дијалози меѓу книжeвноста и историјата; 2. Интердискурзивните дијалози меѓу книжeвноста и теоријата; 3. Интертекстуалните дијалози на книжевноста.
...Животот на литературната класика
Пламен Тотев
250 ден.
184 стр. / A5 формат (200 x 140 мм)
Леонардо да Винчи и неговото време
Атле Нес
650 ден.
296 стр. / Б5 (240 х 170), 2021 г.
„Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес, е книга во која тој за Леонардо да Винчи раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата личност. Нес на импресивен начин го опишува...
Биро за проверка
Александар Архангелски
400 ден.
366 стр./A5 формат (200x140)
Награда „Бољшаја книга“ – втора награда, за 2018 година.
Дејството на романот се вклопува во само девет дена од јули 1980 година, се одвива на територијата на Москва, при што Александар Архангелски, без никаква трага на носталгија или одвратност кон таа советска ера, многу успешно ја доловува атмосферата од тоа време. И токму во тие девет дена, додека Москва ги слави и ги живее деновите на Олимписките игри...
Политичкото досие на Драган Богдановски, том. 6
Драган Богдановски
600 ден.
424 стр. / формат Б5 (240 х 170), 2021
Во „Политичкото досие на Драган Богдановски“ (том 6 од серијата „Мојата борба за Македонија“) се објавени 132 документи од македонската служба за јавна безбедност (УДБ-а), која за него водела досие од 1952 година па до неговата смрт во 1988 година.
Подредени по хронолошки ред според датумот на нивното настанување, избрани се само најзначајните полициски документи (службени белешки, извештаи, информации, депеши и...
Никогаш на врвот
Паоло Коњети
200 ден.
116 стр./ A5 формат (200x140)
Книгата „Никогаш на врвот" oд Паоло Коњети е патописна проза за негоите патешествија до најголемите земјени височини. На Хималаите. Раскажува топло и детално за тоа како планинарот ги балансира волјата, напорот и болката предизвикани од планината, како се зборува со тибетско куче, како пејзажот станува драма за телото и за духот, зашто Хималаите не се предел во кој се навлегува лесно: тие се жива планина, населена...
Имот
Федериго Тоци
200 ден.
174 стр./ A5 формат (200x140)
Со овој роман со кој Тоци влезе во историјата на италијанската литература, а критиката го споредуваше со Кафка и со Достоевски и се смета за значајно дело на италијанската литература од првите децении на 20 век. Во „Имот“ тој го опишува светот на немирот, неспокојот и стравот предизвикани од контактот со реалноста којашто е заканувачка, мрачна, агресивна.Тоа е свет составен од трауми, отворени рани, длабоки повреди на...
Tивко рушење
Ивица Пртењача
150 ден.
134 стр. / A5 формат (200x140)
Романот „Тивко рушење“ претставува тематско и мотивско продолжение на неговиот награден роман „Брдо“.
Во „Тивко рушење“ авторот повторно се качува на „брдо“, но овојпат тоа се наоѓа во еден трошен стан во една загрепска улица. Главниот јунак, молер со диплома професор по литература, со својот помошник треба да ги истружат ѕидовите на еден стан и повторно да ги обојат. Се чини дека тоа е работа по негова мерка...
Гордиот Дабидеш
Ирена Доускова
200 ден.
150 стр. / A5 формат (200x140)
Теорија на чудноста
Павла Хоракова
400 ден.
302 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020 г.
Награда „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.
Романот „Teорија на чудноста" претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Во него опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а...
За тоа ли беше сè?
Евтим Евтимов
150 ден.
220 стр. /A5 формат (200x140)
Романот „За тоа ли беше сè“ од познатиот бугарски писател Евтим Евтимове напишан со современ стилски израз и со вешто изведена структура. Во основа е политички роман, но тој, пред сè, е постмодерно егзистенцијален, во кој на еден суптилен начин авторот говори за човечката судбина, за страдањата на човекот поради политичките парадокси.
Дејството е сместено во бугарскиот политички контекст по Втората...


